Околу 30 понуди од домашни и странски инвеститори се јавија на јавниот повик за изразување интерес за агрокомбинатот Џумајлија". За неколку дена, како што најави заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски, ќе биде распишан и тендерот. Сигурен сум дека ќе одлучиме онака како што треба, дека земјиштето ќе биде доделено на сериозна компанија која ќе има добар бизнис-план, ќе овозможи развој и поголем број вработувања во тој регион. Владата има исклучително сериозен пристап кон "Џумајлија". Инаку, во "Џумајлија" поведена е стечајна постапка. Со сигурност ќе имаме увид во состојбите што се случуваат таму, во однос на заштита на средствата со кои располага Џумајлија". Сериозно ги правиме и подготовките околу изнаоѓањето сериозен инвеститор кој освен земјоделско производство, ќе обезбеди и нови вработувања во Овчеполието.
Околу 30 понуди од домашни и странски инвеститори се јавија на јавниот повик за изразување интерес за агрокомбинатот Џумајлија".
За неколку дена, како што најави заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски, ќе биде распишан и тендерот.
- Сигурен сум дека ќе одлучиме онака како што треба, дека земјиштето ќе биде доделено на сериозна компанија која ќе има добар бизнис-план, ќе овозможи развој и поголем број вработувања во тој регион - изјави Коњановски. Кој потсети дека Владата има исклучително сериозен пристап кон "Џумајлија".
Инаку, во "Џумајлија" поведена е стечајна постапка.
- Со сигурност ќе имаме увид во состојбите што се случуваат таму, во однос на заштита на средствата со кои располага Џумајлија". Сериозно ги правиме и подготовките околу изнаоѓањето сериозен инвеститор кој освен земјоделско производство, ќе обезбеди и нови вработувања во Овчеполието - нагласи Коњановски.